МОН ги исплати студентските стипендии заклучно со март

Министерството за образование и наука изврши исплата на средства по основ на студентски стипендии, со што сите стари и нови корисници на стипендии ги добија средствата за тековната академска година, заклучно со март.

Во меѓувреме, исплатена е и втората рата на сите студенти кои имаат потпишано анекс кон договорот за стипендија и навремено доставиле спогодба за користење на зголемен износ на стипендија. Со оваа исплата се надоместува разликата помеѓу стариот и новиот зголемен износ на стипендијата што ја користат, за пет месеци.

„Информираме и дека етапно се реализира исплатата на средства за субвенционирање
на патните трошоци за сите студенти кои студираат надвор од местото на живеење и го оствариле правото за користење на оваа антикризна мерка која предвидува месечен надомест до 1.200 денари за период од седум месеци“, додаваат од МОН.

Поврзани објави
Total
0
Share