МНР:Избраните државни функционери да бидат внимателни кон меѓународно преземените обврски како Преспанскиот договор

Министерството за надворешни работи ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби и на сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, познат како Договорот од Преспа.

МНР повикува на внимателност од страна на политичките чинители, особено, како што наведува, од избраните државни функционери.

-Изминативе седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со неколкукратно зголемување на економската соработка и изградбата на позитивни врски меѓу луѓето. Овие придобивки резултираа со членството на земјата во НАТО, отворање на преговорите со Европската Унија, како и со надградба на стратешкото партнерство во стратешки дијалог со САД. Повикуваме на внимателност од страна на сите политички чинители, особено на избраните државни функционери. Задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата, нагласува МНР. 

Поврзани објави

Ковачевски се повлече од функцијата Претседател на СДСМ и побара свикување Конгрес и организирање внатрепартиски избори

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на…
Повеќе
Total
0
Share