Мијалков излегува од затвор

Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК од денеска е слободен човек. Затворот во Струга брои еден затвореник помалку, а со тоа заврши и неговата кариера како возач на комбе за потребите на казнено поправната установа. Продолжениот празничен викенд Мијалков ќе може да го помине надвор од границите од земјава, а ќе може да оди и на летување каде сака, бидејќи неговиот живот зад решетки заврши.Мијалков по спогодбата со обвинителството за случајот Империја доби три години затвор. Казната му е скратена за 11 месеци. Законот им овозможува на осудениците по истекот на половина од казната и поради добро поведение, да можат да бараат скратување на казнатаБарањето за условен отпуст на Мијалков го поднесе директорот на струшкиот затвор Ваљон Ќура. Кривичниот суд најпрвин го одби барањето, а по него потоа одлучуваше Вишото обвинителство, па Апелациониот суд кој го врати на почетната адреса. Тогаш Кривичниот суд по напаствија на второстепениот суд му го уважи предлогот и му ја намали за четири месеци. На ова решение Мијалков имаше право на жалба пред Апелациониот суд, кој дополнително му ја скрати казната за 7 месеци под услов Мијалков до 25 април наредната година да не стори кривично дело.

Поврзани објави
Total
0
Share