Мицотакис :Нема да ги ратификуваме трите меморандуми кои произлегуваат од Преспанскиот договор

Во интервју за грчката телевизија „СКАЈ“ најави дека отстапување од договорот според него, ќе донесе последици и за билатералните односи, но и за македонскиот евроинтегративен пат. Меморандумите како што кажа тој, биле оружје кое офцијална Атина го имала против земјава.

-Бев многу импресиониран што вчера СИРИЗА побрза да ги достави трите меморандуми за Преспа на гласање во Собранието. Односно, сега кога видовме во она што долго време се сомневавме, дека може да дојде идната влада и на некој начин да ја доведе во прашање сржта на Договорот, ерга омнес (за целосна употреба), сега да ги донесеме меморандумите и да се откажеме секакви преговарања. Оружјето што го имаме против Скопје. Нема да ги ратификуваме меморандумите од Преспа доколку не сме апсолутно убедени дека другата страна ги почитува сите одредби од Договорот од Преспа,- Кирјакос Мицотакис – Премиер на Грција.

Поврзани објави
Total
0
Share