Мицотакис: Кога некој го влече јажето, треба да биде подготвен да се скине

Пораката дека „европскиот пат на Северна Македонија поминува низ Грција“ и може да остане затворен во случај да не се почитува договореното, ја повтори грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за весникот „Та неа“.

-Кога некој го влече јажето, ќе треба да биде подготвен да се скине. И ако отстапува од договорениот тек, да знае дека ќе наиде на затворен пат кон Европа. Пат кој поминува од Грција и почитувањето на меѓународното право, истакна Мицотакис.

Грчкиот премиер говори за „Та неа“ во поразлично, полично интервју, со оглед на тоа дека новинарката од весникот патува со него до градот Аргос, каде што Мицотакис во четвртокот одржа предизборен митинг.

Мицотакис се осврнува и на подготовките за еден митинг, односно што се случува зад камерите, за сите актуелни теми во Грција, за надворешната политика и односите со соседите, а „Та неа“, интервјуто на насловната страница го најави под наслов „Ако го влечеш јажето, ќе се скине“, односно со пораката што ја испрати до нашата земја.

Поврзани објави
Total
0
Share