Мицотакис до Силјановска: Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис  го изрази грчкото неодобрување на ставот и постапките на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која се заколна во името на „Македонија“, а не на „Република Северна Македонија“ како што е предвидено со Договорот од Преспа, пишуваат утрово грчките медиуми.

Категорично наведуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависи од искреното почитување на договорите. Од правилната употреба на уставното име на соседната држава. И, секако, од избегнување предизвици. Провокативниот избор на новата претседателка на Северна Македонија да го прекрши официјалниот текст на заклетвата и да ја нарече својата земја со друго име е незаконска и недозволива иницијатива. Акт со кој се крши Договорот од Преспа и самиот Устав на нејзината држава. Сепак, поткопувајќи ја нејзината иднина, како што веќе изјавија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, нагласува Мицотакис во својот пост на Фејсбук.

Поврзани објави

Цврста поддршка на Украина по неоправданата руска агресија- телефонски разговор на Силјановска со Зеленски

Од кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давковa соопштија дека таа денеска остварила телефонски разговор со претседателот на Украина,…
Повеќе

Силјановска Давкова: Нека подвигот на светите браќа бидe наш патоказ и морална и духовна вертикала за достоинствено

Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод големиот празник, 24 Мај, Денот на сесловенските просветители…
Повеќе
Total
0
Share