Мицкоски ја промовира коалицијата и повика на голема излезност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека е потпишана Повелба за стратешко коалицирање на Коалицијата „Твоја Македонија“ во пресрет на двојните избори. Коалицијата ќе има 24 политички субјекти и организации.

Ќе се залагаат за цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократија. Според Мицкоски, дека ќе иницираат и поддржуваат акции на правната држава за враќање на довербата на граѓаните во институциите.

-Јасна решеност за реформи кои ќе овозможат долгорочен економски раст и напредок на Македонија. Апелираме за масовна излезност на изборите бидејќи неизлегувањето значи поддршка за криминалната власт. Излезноста е клучот. Седењето дома е глас за овие кои што седум години ништо не направија и ја однесоа наназад Македонија. Ние сме фокусирани на една позитивна кампања, кажа меѓу другото Мицкоски во обраќањето од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сакаме пред граѓаните да излеземе со понуда за решенија. Нема да кажеме ништо ново ако кажеме дека повеќе од 2/3 од граѓаните, сакаат оваа влада да замине. Сакаме да вратиме надеж кај граѓаните дека може да биде поинаку, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани објави

Силјановска од Гостивар:Никогаш нема да одам на преговори, никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието за тоа!

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на граѓаните од Гостивар им порача дека покрај консултациите со Владата, мора…
Повеќе
Total
0
Share