Мицкоски: Стигнавме до 61 пратеник кои се приклучија на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Твоја Македонија“, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, победникот на парламентарните избори, сега на своја страна има 61 пратенички мандат. Ова денеска попладне го изјави лидерот на партијата и иден мандатар.Мицкоски тврди дека има мнозинство во Собранието.

,,Како коалиција `Твоја Македонија`, покрај 58 пратеници, ќе имаме точно 61 пратеник, но тоа нема да не повлече од идните разговори со коалиција `Влен`.Можам да кажам дека како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција `Твоја Македонија` ги завршуваме разговорите со неколку пратеници кои не се дел од оваа коалиција. Успешно консолидиравме 61 пратеник. Не можам да зборам за тоа кои се тие дополнителни 3 пратеници. Како коалиција `Твоја Македонија`, покрај 58 пратеници, ќе имаме точно 61 пратеник, но тоа нема да не повлече од идните разговори со коалиција `Влен`.“, изјави Мицкоски.

Додека Мицкоски ја даваше изјавата, во партиското седиште финишираше состанокот на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на „ВЛЕН“.

„Разговорите, според тоа што ме информираа, е дека се водат во правилна насока. Оптимисти сме дека, заедно со коалициските партнерите, да успееме да консолидираме две третини во парламентот заради намерата да се реконструира владиниот кабинет.“, изјави Мицкоски.

Пред состанокот во седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата на опозициските партии на Албанците најавија дека во наредните денови ќе се зборува за поконкретна распределба на позициите. Денеска се разговарало за динамиката.

„Методологија на работа и динамика на работа. Наредниот состанок најверојатно ќе биде поконкретен.“, вели Азир Алиу од Влен.Заедно, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ВЛЕН“ по изборите имаат 71 пратенички мандат – ситуација, која по денешната објава на Мицкоски, најверојатно ќе се менува.

Поврзани објави
Total
0
Share