Мицкоски со порака за Прочка: Човечки е да се прости, но за оние кои со години ја ограбуваат Македонија и ја градат својата среќа врз среќата на другите треба да знаат дека ќе има одговорност

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  на својот Фејсбук профил објави порака по повод христијанскиот празник  Прочка.

,,Човечки и исправно е да се побара прочка од оние кои му значат на човека. Но воедно за оние кои постојано грешат, за оние кои постојано, свесно и со години ја печелат својата индивидуална среќа, над колективната несреќа, кршејќи го законите, Уставот, ја злоупотребуваат власта, треба да знаат дека ќе има одговорност.

Со чисто срце и верба во Бога можеме да се избориме за посреќна, постабилна и просперитетна иднина”, вели Мицкоски.

Поврзани објави
Total
0
Share