Мицкоски побара мораториум на нападите кон Левица и ЗНАМ

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид испрати порака со повик за обединување и национално единство, содржана во кратенката ДПМНЕ не само како што рече заради историскиот континуитет како идеја и организација нераскинлив дел од македонското национално движење и национален идентитет, туку иствремено и како обврска да се случи македонско единство во мигови, како што рече, кога и е најпотребно на Македонија.

Во таа насока, тој најави мораториум во нападите кон партијата Левица и движењето ЗНАМ.  

– Ова го чувствувам како потреба на македонскиот народ, но и како моја обврска да се обидам да ја реализирам идејата за национално единство во миговите кога таа и е најпотребна на Македонија. Со Левица и ЗНАМ имаме разлики од идеолошка, но и од принципиелна природа, но ценам дека во моментов најклучно за иднината на земјата е да се фокусираме на оние кои ја киднапираа од рацете на граѓаните. Разидувањата сигурно ќе продолжат, но мораме да наоѓаме заеднички јазик.Македонија мора да се обединува по сите основи, рече тој.

Мицкоски ги повика на обединување и членовите на СДСМ, независно од дилемите и стравувањата, да бидат дел од генерацијата што, како што рече, ќе биде горда затоа што успеала да ги запре поделбите по партиска основа и ги мобилизирала сите капацитети и потенцијали во функција на развој на државата.

Поврзани објави
Total
0
Share