Мицкоски на средбата со Ескобар го потврдил ставот на коалицијата во врска со уставните измени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар го потврдил ставот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните измени.

На средбата во Амбасадата на САД во Скопје, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, потенцирал дека актуелната власт за многу внатрешни политички прашања погрешно ја информира меѓународната заедница вклучително и САД.

  • Уште еднаш беше афирмиран ставот на партијата дека суштинската заложба и приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е ЕУ и евроатланските вредности. Воедно, претседателот Мицкоски укажа дека единствено решение за излез од една ваква исклучително тешка ситуација, се одржување на предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе изберат влада со легитимитет, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата на Мицкоски и Ескобар, на која присуствувале потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и амбасадорката Ангела Агелер, исто така од двете страни била потенцирана потребата за јакнење и продлабочување на стратешкото пријателство меѓу двете држави.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share