Мицкоски на состанок кај ВРЕДИ за идната Влада

Идниот мандатар, Христијан Мицкоски ги почна преговорите за формирање на идната Влада. Првата средба ја одржува со коалицијата ВРЕДИ, како што најави и веднаш по објавувањето на резултатите од изборите на 8 мај.Пред да влезе во седиштето на Коалицијата кај плоштадот Скендер бег Мицкоски не сакаше да открие многу за преговорите.

-Прва средба, за запознавање, кратко одговори Мицкоски на новинарско прашање.

Потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски вчера во телевизиско интервју рече дека не очекува уште денес да има договор меѓу двата политички субјекти, но вели, тој е извесен доколку постојат реални очекувања и фокус на политиките во интерес на граѓаните.

Поврзани објави
Total
0
Share