Мицкоски: На прагот сме на голема победа, таа победа зависи од секој еден човек на Македонија

Јас како човек немам ништо против ниту еден народ, но имам против тоа да се краде Македонија и упропастува бездушно, истакна Мицкоски.На прагот сме на голема победа. И таа победа зависи од секој еден човек на Македонија. И таа победа нема да биде само наша, туку ќе биде на сите пристојни луѓе кои овој пат ќе решат да излезат на избори и ќе донесат одлука не за нас, туку пред се за себе, за своите семејства, за својата иднина. Работите никогаш не биле потешки, но и никогаш не биле појасни. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата сила за промени кои Македонија мора да ја врати на народот. Македонија мора да остане таму каде припаѓа и државата да почне да функционира, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната промоција на кандидатите за пратеници.-Победа која ќе испрати порака дека 2 милиони народ се посилни од стотина елитисти кои со години ја упропастуваат државата. Победа за крај на обезличувањата, победа за крај на криминалот и корупцијата која го јаде секое здраво ткиво. Ваша одлука, но наша заедничка победа за нова енергија на луѓе кои безусловно ја сакаат Македонија. Заедно, со огромната сила на народот од денес го почнуваме последниот и финален чин на тоа да си ја вратиме Македонија и Македонија да биде повторно ваша, наша, твоја. На секој еден пристоен човек кој знам дека ќе реши да се бори за својата иднина. Победуваме со силата на многумина кои мора да излезат на гласање ако сакаат промени. За Македонија повторно твоја, за промени кои се во твоите раце, рече Мицкоски.

Поврзани објави

Силјановска од Гостивар:Никогаш нема да одам на преговори, никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието за тоа!

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на граѓаните од Гостивар им порача дека покрај консултациите со Владата, мора…
Повеќе
Total
0
Share