Мицкоски: Идната Влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а во нејзе ќе биде и коалицијата „ВРЕДИ“

Мицкоски од Аеродром порача дека народот кажал дека новата Влада ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, а во нејзе ќе биде коалицијата која на овие избори настапи под името „ВРЕДИ“.

,,Одлучија граѓаните, јас жалам што Али Ахмети во јавноста сака да се претстави како идеолог и многу силен, а во позадина ни праќа емисари и би рекол безусловно сака да влезе во идна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и со „Твоја Македонија“ коалицијата, жалам што Али Ахмети се опкружи со луѓе кои и него го злоупотребуваат, за да прават условно кажано криминал и да ја ограбуваат Македонија и жалам што Али Ахмети опкружувајќи се со овие луѓе наместо да заврши како политички пензионер и да биде идеолог тој ќе заврши како соучесник во криминалот на неговите блиски соработници кои набргу од денеска, македонската јавност, сите граѓани во Македонија без разлика на етничката припадност ќе бидат сведоци, а за што имаме голем број докази“, рече Мицкоски.

Поврзани објави
Total
0
Share