Мицкоски ги потврди носителите на кандидатските листи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  и официјално ги потврди имињата на носителите на пратеничките листи кои веќе ги објавивме. Листата во првата изборна единица ќе ја предводи тој самиот, во втората носител ќе биде Владо Мисајловски, во третата Драган Ковачки, во четвртата Александар Николоски, а во шестата Дафина Стојаноска.

За петтата вели дека сѐ уште размислуваат, а како една од можните опции се спомува Ѓорѓија Сајкоски. Тврди дека ќе водат позитивна кампања и обвини дека СДСМ водат црна кампања  насочена директно кон него. И покрај тоа, не верува во трета опција за гласачите.

Мицкоски вели и дека, доколку победи на изборите, е подготвен повторно да разговара и со Брисел и со Софија за отворените прашања. 

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share