Мицкоски ги поднесе измените на Законот за државната управа во Собранието

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Христијан Мицкоски и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски денеска во Собранието ги поднесoa измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа за да може да се изгласа новата реорганизирана влада и да се изберат нејзините членови.

Со ова македонската Влада ќе добие нови министерства, а дел од постоечките ќе претрпат реорганизација.

Мицкоски рече дека ова е исполнување на едно од неговите предизборни ветувања со цел подобро функционирање на државата.

Седницата за измените на Законот, според собраниски извори, треба да се одржи во петок на 7 јуни

Поврзани објави
Total
0
Share