Мицкоски: Владини функционери во придружба со полицајци се обидувале да поткупуваат граѓани дури и во верски објект

Според Мицкоски, од она што го воочиле на терен, констатирале дека постои огромен притисок и обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, „мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ“

,,Имаме потврден случај дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, станува збор за општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда и каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот’, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПММЕ Христијан Мицкоски.

Како што нагласи тој, имале индиции дека кутии се полнеле на уште педесеттина други такви места низ Македонија, а излезноста се зголемила наеднаш по 18 часот.

Според Мицкоски, од она што го воочиле на терен, констатирале дека постои огромен притисок и обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, „мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ“.

Поврзани објави
Total
0
Share