Мицкоски: Верувам во убедлива двојна победа на изборите, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе имаат 61 пратеник

ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е блиску до мнозинство во Парламентот и не би се изненадил ако имаме 61 пратеник, изјави денеска на новинарско прашање, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.

,,Верувам дека во среда ќе имаме убедлива двојна победа. Гордана Силјановска Давкова ќе биде идниот претседател на Македонија, а коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, рече Мицкоски пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.Според него, успех пред сѐ, е тоа што се случило во првиот круг од претседателските избори и изјави дека очекува масовност на гласачите и на вториот круг од претседателските избори.– Благодарност до македонските граѓани. Благодарност до сите оние коишто го дадоа својот глас за идниот претседател Гордана Силјановска Давкова и однапред се заблагодарувам на сите оние граѓани, коишто чувствувам дека масовно ќе излезат на изборите во среда и масовно ќе го дадат својот глас за идниот претседател и за коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаде Мицкоски.Тој пред Соборниот храм во Скопје, каде присуствуваше на свечената литургија по повод големиот православен празник Велигден, го честиташе Христосовото воскресение и посака хармонија и спокој за сите.

Поврзани објави
Total
0
Share