Мицкоски бара од Гаши да им се извини на граѓаните за изјавата дека неговата татковина е Косово

Христијан Мицкоски побара од Африм Гаши да им се извини на граѓаните доколку за време на интервју за РТК кажал дека негова татковина била Косово.

-Јас мислам дека неговата татковина е Македонија. И од тоа што сум го разговарал со него, сум слушнал лично дека наша заедничка татковина е нашата заедничка Македонија. Ако има таква изјава, тогаш мислам дека треба да им се извини на граѓаните од Македонија и тоа треба час поскоро да го направи, со оглед дека добива плата од тука и од страна на Македонците, Турците, Албанците, Власите е избран за претседател на Собранието, истакна Мицкоски.

Новиот претседател на Собранието и член на коалицијата ВЛЕН, Африм Гаши, во интервју за косовската телевизија „РТК“ зборувал за историјата на неговото семејство кое во 50-тите години на минатиот век се преселило од Качаник во Скопје. Тој порачал дека Косово е негова татковина и дека будно ги следи процесите кај нашиот северен сосед.

-Луѓето родени по деведесеттите не можат го разберат ова, но за мене Косово е мојата татковина, местото каде се родени моите родители и сочувствувам со се што се случува во Косово, кажал меѓу другото Гаши во интервјуто.

Поврзани објави
Total
0
Share