Митрески – Шљиванчанин: Северна Македонија и Црна Гора остануваат пријатели, да ја унапредуваме меѓусебната соработка

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Јован Митрески денеска имаше средба со вршителот на должност амбасадор на Црна Гора, Велимир  Шљиванчанин, со кого разговараа за унапредување на парламентарната соработка меѓу двете земји, како и за унапредување на севкупните односи воопшто.

Претседателот Митрески изрази задоволство што дочекува претставник на Црна Гора, пријателска земја со која имаме одлични односи како на билатерален така и на мултилатерален план. Тој истакна дека двете земји се членки на НАТО и се во преговарачки процес за влез во Европската Унија, а тоа се одлични предуслови за меѓусебна соработка за заеднички напредок.

Вршителот на должност амбасадор Шљиванчанин му го честиташе на претседателот Митрески изборот за новата функција и му посака успех во работата.

Тој го информираше претседателот Митрески дека наскоро ќе биде именуван и новиот амбасадор на Црна Гора во Република Северна Македонија, и дека во црногорскиот Парламент во тек е процесот на формирање на новата Група за соработка со македонското Собрание.

В.д. амбасадорот Шљиванчанин ја поздрави определбата на Република Северна Македонија да чекори по евроинтеграцискиот пат и ја пренесе пораката дека за Црна Гора е од големо значење тоа што се предвидува со уставните измени и нејзиниот народ да биде наведен во Уставот на Република Севрна Македонија. 

Двајцата соговорници се осврнаа на потребата за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, но и за потребата за зголемување на меѓусебната трговска размена.

Поврзани објави
Total
0
Share