МИСАЈЛОВСКИ: Започна изборната кампања за нови пратеници, сега ни треба мобилизација 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2, Владо Мисајловски на  стартот на кампањата за парламентарните избори ги повика граѓаните да бидат дел од најголемата историска победа .

,,Почитувани граѓани, само што започна изборната кампања за парламентарните избори. Сакам да ве поканам сите, да ни се приклучите, да бидете дел од нашата кампања. Во нашата кампања ќе слушните многу позитивни работи. Ќе слушнете за поголеми пензи, за поголеми плати и за поголем економски стандард. Треба да покажеме дека Македонија е повторно твоја, дека Македонија се сака со многу работа и со многу проекти, но за сето ова ни треба мобилизација и поддршка од целиот македонски народ. Започнуваме од врата на врата во секое мало да се видиме со сите вас. Бидете дел од најголемата победа во историјата на Македонија”, порача Мисајловски на самиот старт од кампањата.

Поврзани објави
Total
0
Share