Министерство за здравство: Поради дефект на компресор, два дена беа одложени дел од операциите, но не и итните случаи

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар, информираат од Министерството за здравство откако денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвинија дека три дена сите хируршки сали на Клиничкиот центар биле надвор од функција и итните и животно загрозувачки пациенти не можеле да ја добијат потребната услуга.

Од Министерството за здравство велат дека имало дефект на еден од компресорите поради што два дена не се вршеле интервенции на пациентите кои биле на листата на чекање, а не на итните случаи.

Се работи за дефект на еден од компресорите поради што многу инструменти зависат од притисок кој го генерираат пумпите, затоа во тек на два дена елективниот програм, а не итните случаи беа одложени. Проблемот е саниран, а со кислородот немало никаков дефект“,се вели во реакцијата од Министерството за здравство.

Од Здравство велат дека компресорската станица требало да биде променета уште пред три години и најавуваат дека во тек се активности за проверка на сите компресорски станици во Клиничкиот центар и брзо ќе се пристапи кон промена на оние што се дотраени.

Поврзани објави
Total
0
Share