Министерот Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новиот турски амбасадор, Фатих Улусој

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска, ги прими, копиите на акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Турција во Република Северна Македонија, Фатих Улусој.

Во таа пригода, министерот Османи изрази задоволство од одличните билатерални односи и плодната соработка кои се во духот на традиционално пријателство и партнерство меѓу двете земји.

Двајцата соговорници оценија дека меѓусебната соработка во континуитет се продлабочува и зајакнува во повеќе различни области од заеднички интерес, при што посебни резултати се остваруваат во економската и трговска размена, туризмот, образованието, културата и одбраната.

Посакувајќи му успешна дипломатска мисија на амбасадорот Улусој во Република Северна Македонија, министерот Османи изрази подготвеност за активна и отворена соработка во насока на реализација на заедничките цели од Стратегијата за зајакнување на билатералните односи, потпишана во 2008 година, меѓу двете земји.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share