Во кратка изјава за медиумите, Мехај рече дека дополнителни имформации за причините, освен дека тие се семејни, ќе изнесе дополнително.
Според јавната радиотелевизија РТК, која ја објави информацијата, не е познато дали Мехај ќе преземе некоја нова функција во косовските институции, или пак ќе се врати во Норвешка, каде што живееше и работеше пред да ја прифати поканата на премиерот Албин Курти да стане дел од неговиот кабинет. /МИА