,,Како аспиранти за членство во ЕУ и сојузници во НАТО, се фокусиравме на напредокот на процесот на интеграција во ЕУ, каде што ја истакнавме важноста од взаемна поддршка и билатерална соработка, како и размена на најдобри практики за надминување на заедничките предизвици.”, рече Бајрами.На заедничката средба на министерот Бајрами со државниот секретар на Министерството за јавна администрација на Црна Гора, Наим Ѓокај, се разговараше за меѓусебната соработка помеѓу нашите две институции, со посебен акцент врз напредокот на заедничката работна група за имплементација на „PayPal“ во Северна Македонија и Црна Гора, иницијатива која означува одлучувачки чекор кон олеснување на дигиталните трансакции и промовирање на економскиот раст во регионот.Притоа беше нагласена важноста на соработката во областа на дигитализацијата, преку Центарот за сајбер капацитети на Западен Балкан „WB3C“ во кој активно учествува и Северна Македонија, како и соработка во сајбер безбедноста и јавната администрација.За време на официјалната посета на Црна Гора, министерот Наим Бајрами оствари работна средба и со Маја Ханџиска, директорка на РеСПА (Регионална школа за јавна администрација), при што се разговараше за тековните и идните активности на Министерството во однос на Реформата на јавната администрација (PAR) и дигитализацијата, заедно со другите реформски процеси суштински за членството на Северна Македонија во ЕУ.Министерот Бајрами ја истакна важноста од користење на експертизата на ReSPA за ефективна поддршка на иницијативите на нашето министерство, особено во насока на PAR и дигитализацијата. Усогласувањето на нашите цели со ресурсите и искуството на ReSPA е од суштинско значење за да се постигне напредок во реформите во администрацијата. Понатаму, беше истакната потребата од инкорпорирање на најдобрите практики од земјите-членки на ЕУ во нашите реформски процеси, со цел да се поедностави интеграцијата во административната рамка на ЕУ и да се зголеми нашата конкурентност.Министерот исто така нагласи, дека со приоритет кон реформите во администрацијата, дигитализацијата и другите клучни области, имаме намера да изградиме поефикасен и транспарентен систем на јавна администрација. Овие напори се од суштинско значење за подготовка на нашата земја за членство во ЕУ, нагласувајќи ја важноста од континуиран дијалог, соработка и размена на знаења за промовирање на одржливиот развој и напредок.Агендата на средбите на министерот за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, беше заокружена со прием во организација на нашиот амбасадор во Црна Гора, г-дин Зеќир Рамциоловиќ.Во фокусот на разговорите беше благосостојбата и интеграцијата на нашите граѓани кои што живеат таму, при што министерот Бајрами истакна дека системите за поддршка и можностите можат да се подобрат преку заеднички напори и дигитализација на услугите.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57