Минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата Влада, побараа синдикалците на протестот

ССН бара од новата влада бараме 450 евра минимална плата и враќање на трошоците за храна и превоз.Протестот почна пред зградата на Работничкиот дом (ССМ) во Скопје од каде продолжи пред Собранието и Владата.

,,Нашите барања се зголемување на платите на работниците оти видовме дека функционерите не можат да преживеат со 78 отсто поголема плата. Бараме 450 минимална плата уште во првите 100 дена на новата влада, како и враќање на трошоците за храна и превоз. Ако знаеме дека функционерите со 2.500 евра тешко преживуваат денеска, ние работниците тешко преживуваме со 25.000 и 35.000 денари. Денеска работниците се излезени за да кажат дека не се задоволни со тоа што се случуваше изминатиот период. Прво треба да се задоволат работниците, а потоа самите себе“, кажа Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

На протестот работниците кажаа дека даваат црвен картон на судот поради тоа што направил обид да изврши притисок врз синдикатите за да ги уништи.

Поврзани објави
Total
0
Share