Минималната плата во земјава една од најниските во регионот, ССМ и Владата денеска на состанок ќе разговараат за примањата

Денеска нов состанок на Економско -социјалниот совет на кој треба да се утврди одлуката за износот на новиот минималец. Синдикатите на оваа средба на која ќе бидат присутни и претставници од Владата ќе образложат дека зголемувањето на платите не може да го постигне растот на цените.

Дека покачувањето не е доволно и ќе ги потцетат  властите дека платите на вработените  во јавниот сектор,  треба да бидат усогласени со новиот минималец, односно  мартовската плата на околу 60 илјади вработени треба да порасне за околу 2.400 денари. Исто така, ќе образложат и дека според анализите со кои располагаат, годинава минималната плата во  земјава е една од најниските во регионот. Помала сума се дели само во БИХ.

Се надеваат дека  одлуката за новата минимална плата ќе биде објавена најдоцна до понеделник во Службен весник  за да можат службите во сите делови на јавниот сектор да почнат да ги прават корекциите на платите на вработените.  Се надеваат дека ова законско решение нема да се заобиколи  и овие работници нема да бидат изиграни, затоа што тоа е кривично дело.

Инаку,  усогласувањето на платите  со минималната е согласно законите и потпишаните колективни договор.

Поврзани објави
Total
0
Share