МИЛАНОВИЌ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР! 

Зоран Милановиќ не може да се кандидира на претстојните парламентарни избори и да ја преземе премиерската функција, одлучи денеска Уставниот суд на Хрватска.

Претседателот на хрватскиот Уставен суд, Мирослав Шепаровиќ, по средбата, која траеше повеќе од два часа, се обрати до јавноста.

– Врз основа на член 125, Уставниот суд објавува предупредување врз основа на изјавата на Зоран Милановиќ дека ќе се кандидира. Уставниот суд ја разгледа неговата изјава, должни сме да предупредиме дека одлуките треба да се усогласат со темелните вредности на Хрватска. Претседателот ја претставува Хрватска и е одговорен за одбрана на независноста. Членот 96 предвидува дека тој не може да врши никаква друга должност. Претседателот е непартиска личност и не може да учествува во активностите на ниту една политичка партија – истакна Шепаровиќ.

Поврзани објави
Total
0
Share