Меџити: Целта на АА е европска Македонија

Јас сум во секојдневен контакт со Таравари и повеќе сакам да бидам доктор, не политичар. Политиката треба да остане далеку од здравството, но и од образованието. АА никогаш не ги криела средбите со други политички субјекти, а целта на АА е европска Македонија. Министерот за здравство Фатмир Меџити на овој начин ја коментираше вчерашната посета на лидерот на АА, Арбен Таравари во Приштина и средбата со премиерот на Косово, Албин Курти.

ФАТМИР МЕЏИТИ, МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО 

“Не ги криеме нашите средби. Дури и кога се среќаваме со Али Ахмети, со опозицијата, со сите. Јавни се, нема што да криеме. Единствената цел на АА е европска Македонија“.

За средбата во Приштина се огласија и од Движењето БЕСА. Според нив, сите присутни лидери разговарале и за идејата на албански претседател, личност која би го обединила албанскиот фактор во РСМ  и достоинствено би ги претставувала сите граѓани на државата.

Според Беса, се уште не може да се каже дека има договор со АА.

АЛБИ ЌАМИЛИ, ДВИЖЕЊЕ “БЕСА“

“Не можеме да кажеме дека има договор, но во принцип се сложуваме. Во текот на неделата или кон крајот на неделата ќе бидете информирани за деталите“.

Инаку, средбата во Приштина се одржа три месеци пред одржувањето на парламентарните и претседателските избори во земјата и истиот ден кога почна да функционира техничката Влада задолжена да ги спроведе овие избори на чело со Талат Џафери./tvklan.mk

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share