Новата политичка партија Демократско движење, која е во фаза на формирање, денеска ја отвори процедурата за регистрација на најновиот политички субјект, кој беше најавен од пратеникот Изет Меџити.
„Постапката за потпишување на изјавата за формирање на партијата, која кај Албанците разбуди надеж за позитивна промена на политичката сцена, е отворена во нотарски канцеларии во секој град, од Липково до Преспа“, велат од Демократското движење.
Со завршување на постапката за собирање минимум 1.000 потписи, како што се предвидува со Законот за политички партии, на 13 август ќе следи нејзина регистрација и свечена промоција.