Меџити: Лани имало 83 нови случаи на пациенти со Хепатитис од кои 43 случаи се со Хепатитис Б

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, на настанот по повод Светскиот ден на борба против хепатит ја истакна сериозноста на хепатитис и важноста на негово рано откривање со цел овозможување на навремена превенција.

– Хепатитисот е глобален здравствен предизвик кој влијае на милиони животи ширум светот и токму за тоа борбата со него во никој случај не може да биде едноставна и за да се справиме со него ни е потребен интегриран и сеопфатен пристап, изјави Меџити.

Министерот истакна дека според статистиките, минатата година биле евидентирани 83 нови случаи на пациенти со Хепатитис од кои 43 случаи се со Хепатитис Б.

-Тежнееме да ги исполниме целите на Светска здравствена организација која имплементира глобална стратегија за елиминација на Хепатитис до 2030 година, додаде тој.

Директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија, д-р Калина Гривчева Старделова, истакна дека како клиника, заедно со пациентите, Министерството за здравство и Инфективната клиника, направиле голем чекор во 2018 година со кој денес и во нашата држава е достапна антивирусната терапија за Хепатит Ц, која во последните две, три години клиниката сама ја набавува и пациентите со оваа дијагноза можат да ја подигнат. Директорката истакна дека годишно има терапија на 63 пациенти на Хепатит Ц, додека терапијата за Хепатит Б се уште не е на позитивна листа и додаде дека постои листа на чекање на која се ставаат пациентите со цел одредување на соодветна терапија.

– Не е долга листата на чекање затоа што испитувањата се доста ригорозни согласно Европските здруженија. Се чека само во период тендерите додека дојдат, што не му пречи на пациентот, нема ништо да се случи ако почека два, три или четири месеци, бидејќи за да настане оштетување на црниот дроб потребен е подолг период, додаде таа.

Директорката нагласи дека пациентите рутинска контрола можат да направат и кај матичните доктори и во секундарно здравство, додека на терциерно здравство доаѓаат малку поспецифичните пациенти кои имаат одредени причини зошто се наоѓаат таму и додаде дека во нивната клиничка биохемија резултатите од лабараторија се готови денот после прегледот.

Д-р Светозар Антовиќ, специјалист по Дигестивна хирургија, истакна дека единствен начин да се излекуваат пациенти со карцином на црн дроб е да се отстрани туморот, тоа значи да се извади или дел од црниот дроб или да се направи трансплантација на црн дроб. Тој нагласи дека досега имаат тројца пациенти со трансплантација на црн дроб, од кои последната пациентка е оперирана пред една недела и е во добра состојба и дека листата на пациенти е динамичнасо не повеќе од 16 пациенти кои што чекаат.

Министерот за здравство на настанот најави дека од септември ќе почнат кампања за подигнување на свеста на граѓаните и ќе бараат поддршка и од верските заедници по примерот Хрватска.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share