Меѓународен ден на децата на улица

Подобрувањето на тешката социо-економска состојба во која што живеат семејствата, како една од главните причини поради која тие често излегуваат на улица, е предуслов за решавање на проблемот со деца на улица и питачењето. Ова е една од препораките на настанот „Растењето на децата во здрава семејна средина, со квалитетна родителска грижа – клучен сегмент за ефикасно решавање на негативната појава – деца на улица и питачењето“ што се одржува денеска по повод 12 Април – Меѓународниот ден на децата на улица.

Во изјава за медиуми во просторите на Центарот за дневен престој за деца во ризик „Патека на надеж“ во Шуто Оризари, Васка Бајрамовска-Мустафа, државен советник од канцеларијата на Народниот правобранител, сподели дека нивното истражување покажува дека појавата деца на улица сѐ уште егзистира, иако се преземаат мерки од страна на надлежните органи со донесување на протоколи за мултисекторско работење за надминување на оваа проблематика.

Податоците што ги обезбедивме преку центрите за социјална работа, преку Заводот за социјални дејности, од интервјуата со самите родители, децата згрижени во дневните центри за деца во социјален ризик, деца на улица, укажуваат на тоа дека сѐ уште причините за појавата на деца на улица не се сфаќаат сериозно, имајќи предвид дека најголемиот број, ако не скоро и сите деца кои што питачат,се припадници на ромската заедница, потекнуваат од семејства што живеат во крајно лоши услови, без вода, без електрична енергија, без никакви можности за нормален раст и развој, родителите се со многу ниско, ако не и без никакво образование, без работа и единствено егзистираат или преку питачење или евентуално преку обезбедување на право на социјална заштита, образложи државната советничка Васка Бајрамовска Мустафа.

Во однос на бројката за деца на улица, таа информираше дека таа не може точно да се утврди.

Доколку тргнеме од фактот дека со новиот правилник за згрижување, на ниво на држава ние имаме само три дневни центри за згрижување на деца на улица – тоа е во Кисела Вода и двете во Шуто Оризари. И по законот, односно по правилникот ограничена е бројката до 24 максимално, што значи дека ако во просек кажеме максималниот број не излегува повеќе од 70-80 деца кои се згрижуваат, но оваа бројка не е реална. Бројката која што ја гледаме секојдневно низ улиците, која што ја гледаме во попладневните часови, покажува на многу посериозна бројка, рече Бајрамовска Мустафа.

Поврзани објави
Total
0
Share