Мециновиќ:Гаши и Мицкоски го прекршија Деловникот и несериозно доставија измени на законот за реорганизација синоќа во 23 часот

Пред почетокот на денешната седница, на која ќе се расправа за прелог-законот кој предвидува реорганизација на владините институции, пратеникот од Левицата, Амар Мециновиќ, ги обвини претседателот на Собранието, Африм Гаши, и мандатарот Христијан Мицкоски дека го прекршиле Деловникот и покажале несериозност оти доцна синоќа испратиле измени во текстот на законот. Мециновиќ потсети дека шестемина пратеници од Левицата ќе дадат поддршка на овој закон само доколку итно се донесат измени со кои ќе се воведе една изборна единица.

,,Претседателот и мандаторот за состав на новата влада, кој во ова својство се јавува како предлагач на овие измени, не го почитуваа Деловникот и спротивно на праксата за добро работење на Собранието, синоќа, во 23 часот, доставија измени во текстот на законот за организација и работа на државната управа. Покрај прекршувањето на Деловникот, ова покажува и несериозност за вака обемна материја, но е во директна корелација со она што ние го изнесовме како став кога текстот првично се достави до пратениците. Тоа е дека за оваа реорганизација, ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството денес да ја добијат нашата поддршка и нашите шест гласа, бараме итно и веднаш да се донесат измени со кои би се вовела една изборна единица“, рече Мециновиќ.

Поврзани објави
Total
0
Share