Годишнината од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград се одбележува со целодневната програма „Будење“, посветена на убиените ученици и училишниот чувар, која меѓу другото опфаќа низа дискусии за причините кои довеле до такво кривично дело.Во ова белградско училиште, на 3 мај минатата година, 13-годишен ученик уби девет соученици и еден чувар, во трагедија без преседан во поновата историја на Србија.Трагедијата предизвика бран граѓански протести, а во следните месеци десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Белград и градовите низ Србија барајќи да се спречи насилството на јавниот простор, политиката и медиумите. Се бараа и оставки од шефот на полицијата, државната и безбедносната служба (БИА) и укинување на реалните шоу програми во медиумите блиски до власта, но овие барања не беа исполнети.Родителите на децата од училиштето „Владислав Рибникар“ неодамна повторно во сива и симболично црвена боја ја обоија таблата „училиште“ на улицата пред зградата, по неколкуте залудни барања до државните институции училиштето да стане меморијален центар.
Поврзани објави
Двајца загинати и неколкумина повредени во експлозија на бомба во Цетиње
Две лица загинаа, а неколкумина се повредени утрово во Цетиње, откако недалеку од тамошниот Спортски центар била активирана…
20.06.24 09:24
Грчки медиуми: Мицкоски ќе положи заклетва со уставното име
Изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за состав на новата влада Христијан Мицкоски поврзани со името, поднесениот…
19.06.24 13:13
Грција предлага ЕУ привремено да ги прифати децата погодени од војната во Газа
Европа има должност да прифаќа деца повредени и трауматизирани од војната во Газа се додека трае конфликтот, изјави…
19.06.24 09:35