МВР трага по лицето кое пукаше во градоначалникот на Арачинови и рани две лица

Полицијата трага по напаѓачот кој рани две лица среде бел ден. Во нападот се ранети возачот на Ридван Ибраими и еден од вработените во општината.

Очевидци велат дека брзата реакција на лице кое во моментот на инцидентот било до градоначалникот кога почнале рафалните истрели му го спасила животот. Возачот на градоначалникот, Адвин Ајдини е веднаш префрлен на Ургентниот центар со прострелни рани во градите и таму му е извршена итна операција. Тешко повредениот Ајдини е на 21-годишна возраст и ќе го преживее нападот, информираат од клиниката.

Обвинителството издаде наредби, а МВР вчера го проверуваше теренот. Се прегледуваа и безбедносните камери за да се фати пукачот од Арачаиново.

Поврзани објави
Total
0
Share