Маск: „Тесла“ ќе претстави робот-такси на 8 август

Американскиот производител на електрични возила „Тесла“ планира на 8 август да го претстави долго ветениот „Роботаксис“ за самоуправување, објави шефот на компанијата Илон Маск. Маск не даде други детали во многу кратка објава на X, социјалната мрежа што ја поседува.

Маск со години ветува дека „Тесла“ ќе вози автономно и дека радикално ќе ја промени вредноста на автомобилот и бизнис моделот.Во моментов, таканаречената „автопилот“ технологија во електричните автомобили функционира како систем за помош на возачот кој бара човечка контрола и интервенција зад воланот.

Поврзани објави
Total
0
Share