„Ставот на Македонија, сега Северна Македонија е многу јасно утврден со Декларација на Собранието донесена уште на почетокот на 2010 година. Тогаш нашето собраниe едногласно со гласање на сите политички партии ја поддржало резолуцијата на европскиот парламент усвоена за Сребреница во 2009 година, каде што Сребреница е осудена како геноцид“ изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за Канал 5.Тој додаде дека должни сме тоа да го разграничиме бидејќи не е коректно да се стигматизира цел народ и држава.„Затоа мислам дека не треба и не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ. Напротив, ние негуваме блиски односи, блиски релации и со Србија и со српскиот народ. Ги цениме нашите традиционално добри односи и сакаме да ги градиме и понатаму“, рече Маричиќ.Вицепремиерот додаде дека ставот на Македонија е многу јасно утврден со Декларација на Собранието донесена уште на почетокот на 2010 година.
Поврзани објави
Мицкоски:Не можеме да бараме од граѓаните да ги почитуваат Уставот и законите, а ние да калкулираме
Мицкоски објасни како ќе го почитува Уставот. „Како што можете да ме слушнете јас цело време зборувам Македонија…
19.06.24 17:24
Мицкоски од Тетово: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит
Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во…
19.06.24 15:04
Пожар над село Марвинци во Валандовско – се заканува да се прошири накај селото
РЦУК Струмица известува дека има пожар над село Марвинци Општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар. Гори сува трева…
19.06.24 14:57