Маричиќ: Немаме намера да застанеме со уставните измени, има време ВМРО-ДПМНЕ да се премисли

Вицепремиерот за евроинтеграција, Бојан Маричиќ,е оптимист и натаму дека ќе пројдат уставните измени најавувајќи дека во текот на август и на септември забрзано ќе се работи на трите патокази што се услов за отворање на првото поглавје за преговори, за да може динамиката на промената на Уставот да се поклопи со динамиката на процесот, т.е. кога ќе се усвојат измените – веќе да е извесно дека ќе има отворање на првото поглавје.

-Се разбира дека сум оптимист. Мислам дека ќе се усвојат уставните измени и работиме на тоа, рече Маричиќ наспроти општиот впечаток дека процесот се развлекува и трокира.

-Немаме намера да застанеме со уставните измени. Има доволно време да се премисли опозицијата. Не се сите свесни што значи да се блокира процесот. Страшно ќе биде ако испуштиме уште една прилика што ќе не чини десет години, како во 2008-та. Следната година ќе има избори во Европскиот парламент и не се знае кој ќе дојде на функциите, па затоа целта е пакетот за проширувањето да се направи сега. Проблемите нема да исчезнат ако ги одложуваме, а последиците ќе бидат големи за државата ако застане процесот.Практично за нас Албанија ќе стане тоа што е Хрватска денес. Зошто да дозволиме целиот регион да оди напред, а ние ќе останеме со државите што имаат системски слабости?- запраша Маричиќ.

Тој очекува скрининг извештајот да го добиеме заедно со Албанија и за пет до шест недели за него да се изјаснат земјите членки, по што ќе ги пратиме патоказите што ни се услов за членство, а се однесуваат на реформата на јавната администрација, за владеењето на правото и за функционална демократија, вклучувајќи го и Акцискиот план за малцинствата.

Маричиќ не очекува притоа да има дополнителни компликации ни од бугарска страна бидејќи според негова оценка е воспоставена добра комуникација со бугарската влада, а условите што треба да ги исполниме веќе се утврдени со преговарачката рамка.

– Досегашната комуникација со бугарската влада не укажува дека има какво било наметнување на нешто повеќе од она што го има во преговарачката рамка. Доколку успееме да ги завршиме нашите обврски, мислам дека нема Бугарија да има кредибилитет да вади било какви барања или причини. Ако има такво нешто, земјите –членки ќе извршат притисок да се тргне тоа од масата, а мислам дека и кај новата бугарска влада има голема волја да продолжиме понатаму. Она што покажавме досега е дека владата е суштински подготвена да разговара со опозицијата како да се изгласаат уставните измени. Но, наше инстистирање е се да остане во рамките на преговачката рамка на ЕУ – потенцираше Маричиќ.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share