Маричиќ: ЕУ е подготвена да вложи во заштита и развој на македонското културно наследство

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во рамки на Кампањата „Ние сме Европа“, го посети еден од најстарите манастири во скопскиот регион, манастирот Свети Пантелејмон, во кој беа вложени европски средства за целосно реновирање на ѕидините и амбиентот околу него.

Вицепремиерот Маричиќ во изјавата дадена при посетата на манастирот рече дека македонското културно наследство, македонскиот идентитет, македонскиот јазик се дел од европското наследство и дека ЕУ тоа го признава, верификува и вложува во нивна заштита.

-Тоа нè прави дел од европското културно и духовно наследство, но тоа покажува дека Европската Унија се грижи зачувување и развој на културното и духовното наследство не само на своите народи, туку и на државите кандидатки, рече Маричиќ, порачувајќи дека треба да сме горди на нашето културно и духовно наследство, да работиме на негово зачувување и да направиме напори да влеземе во Европската унија што побрзо, бидејќи како што рече вицепремиерот, ЕУ е подготвена уште повеќе да вложи во заштита и развој на македонското културно и духовно наследство.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share