Малолетници завршија во болница, излетале од патот

Во текот на изминатото деноноќие се случиле повеќе сообраќајни несреќи, од кои дел биле пријавени до Центарот за управување со кризи, при што биле повредени возачи или сопатници во несреќите. 

– Регионалниот ЦУК Штип, известува за две сообраќајни несреќи. Конкретно, околу 12.45 часот во близина на „Рибник Слив“ во општина Виница, едно возило со едно лице во возилото излетало од патот при што возачот се здобил со лесни и мали повреди.

Околу 16.40 часот, на патниот правец Штип – Кочани после с.Чардаклија, во Општина Штип, џип излетал од патот при што едно лице е тешко повредено и со Итна медицинска помош е транспортирано во клиничката болница во Штип.

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во 14:00 часот на локалниот пат што ги поврзува селата Стримница и Челопек, патничко моторно возило управувано од малолетник од с.Челопек излетало од коловозот. При несреќата, сопатникот во возилото, исто така малолетник од с.Стримница, се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Тетовската Клиничка болница, а за укажување на лекарска помош во болницата бил пренесен и возачот – соопштија од ЦУК.

Поврзани објави
Total
0
Share