Максим Димитриевски ветува поддршка за винопроизводителите

Идејата е дополнителните семејни активности да се трансформираат во семејни бизниси, додека малите бизниси да се трансформираат во средни, објасни претседателскиот кандидат на ЗНАМ.Димитриевски рече дека она што го работат граѓаните коишто живат во Повардарието и Тиквешијата е пример кој треба да се потенцира.

,,Сметам дека тие со својата работа во голем дел придонесуваат во зголемувањето на бруто домашниот производ. Само со посветана работа која ќе влијае на зголемувањето на богатстово во државата можеме да зборуваме за самоодржлива држава. Од позиција на претседател на Македонија ќе иницирам нови законски решенија за директна помош, особено на реалните винопроизводители, а со цел семејните активности да се трансформираат во семејни бизниси, додека малите бизниси да се трансформираат во средни бизниси”,рече Димитриевски.

Поврзани објави
Total
0
Share