Македонските ракометари обезбедија пласман на Светското првенство 2025

Македонската ракометна репрезентација вечерва со 34:26 ја победи селекцијата на Фарските Острови и се пласираше на Светското првенство во 2025.Македонските ракометари предводени од селекторот Кире Лазаров, со резултатот од плус осум ги надокнадија седумте гола разлика од Фарските Острови и со тоа повторно се учесници на најголемото ракометно натпреварување.

Нашата репрезентација речиси и да немаше пад на натпреварот, игравме фокусирано во текот на целиот меч, без многу загубени топки, со ефикасен напад, проработе и одбраната и сето тоа на крајот ни донесе успех.

Поврзани објави
Total
0
Share