Македонските војници утрово заминаа во Словенија

Сто припадници на Армијата на Македонија заминуваат за учество во хуманитарна операција во Република Словенија. Согласно одлуката на Владата, донесена на вчерашната седница се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на НАТО доставено од Република Словенија.

Припадниците на Армијата се испраќаат за период од триесет дена за учество во давање помош на Република Словенија.

-Република Северна Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи, се наведува во соопштението од Владата.

Претходно, министерката за одбрана Славјанка Петровска најавувајќи ја владината одлука, рече дека станува збор за сто војници од различен состав, кои, како што појасни ќе заминат денеска наутро.

Во врска со тоа дали се размислува за некој вид материјална помош, министерската вели дека ова е се што досега е побарано.

Поврзани објави
Total
0
Share