Маж се полеа со бензин и се самозапали пред зградата на хрватската влада

Околу 9 часот и 40 минути пред оградата на јужната страна на плоштадот Свети Марко во Загреб, пред зградата на хрватската Влада, непознато лице се полило со бензин и се самозапалило, ја објави Индекс потврдата од загрепската полиција.

Неофицијално се дознава дека маж се самозапалил, при што се здобил со тешки изгореници. Тој сè уште бил жив кога пристигнала итната помош.

„Мажот е во тешка состојба и животот му е во опасност. Тој е пренесен во центарот за лекување изгореници во Трауматолошката болница“, изјави за Дневник.хр министерот за здравство Вили Берош.

Поврзани објави
Total
0
Share