Личните документи од денеска ќе се подигаат во полициски станици според место на живеење

Заврши полициската поштенска служба. Од денеска не чекајте да ви затропа полицаец на врата и да ви ја донесе личната карта на домашна адреса. Документот ќе треба да го подигнете сами во полициската станица во општината каде што сте заведени дека живеете во лична карта, а не во МТВ или БЕКО.

Од Министерството за внатрешни работи сметаат дека новиот начин на достава ќе има позитивни резултати и ќе ги намали гужвите и нервозата кај граѓаните. Ова важи само за личните карти. Пасошите и возачките дозволи ќе се подигнуваат на пунктовите каде што граѓаните се сликале.

Во меѓувреме се жалат дека премногу се чека за термин, па дури и по брза постапка. Велат дека за редовен термин се закажува дури за август, а по итна постапка во јули. Достапните обрасци се доволни до почетокот на мај, но се очекува набрзо да пристигнат нови за да продолжи динамиката на издавање на пасоши, уверува министерот Тошковски.

Според последните официјални информации потребно е да се издадат уште еден милион пасоши.

Поврзани објави
Total
0
Share