Лидерите на Европски фронт ставија потпис: Соработка само со партии кои ќе ги поддржат уставните измени

Лидерите на партиите од Коалицијата Европски фронт, предводен од ДУИ, на средба потпишаа заеднички документ за принципите во евентуално преговарање за влез во идна влада или соработка со други политички партии. Од Коалицијата велат дека поради актуелната политичка криза лидерите во обединет глас одговараат на „потребата за решавање и стабилност во земјата“.

Во документот, како што соопштија од Европскиот фронт, тие се обврзале да преговараат само политички партии кои ќе ги поддржат уставните измени.

-Ние, долупотпишаните политички партии, имајќи ја предвид состобата во која се наоѓа државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ, велат од Европски фронт.

Поврзани објави

КЛАН Дебата/Мацановиќ и Мехмети :ВРЕДИ И ВМРО ДПМНЕ се обидуваат да ги делегитимираат гласовите на другите етнички заедници

Амар Мацановиќ, пратеник  од Левица во новиот парламентарен состав  порача дека сега е времето гласачите од другите етнички…
Повеќе
Total
0
Share