Лекарската комора бара итна разрешница на случајот со убиениот лекар

Лекарската комора го осуди вчерашното убиство на докторот, кој со убодни рани беше пронајден мртов на паркингот пред поликлиниката Железара и бара од надлежните институции итно разрешавање на случајот.

 – Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите.

Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат, стои во соопштението од Лекарската комора.

Загубата на доктор е и загуба на целиот здравствен систем, велат од Лекарска комора, од каде посочуваат дека остануваат будно да го следи развојот на настаните и соодветно да реагираат.

Реагираа и од Здружението на приватни матични лекари кои во знак на револт најавија дека во понеделник од 12 до 16 часот ќе прекинат со работа.

Поврзани објави
Total
0
Share