„Левица“: Докторот од Тетово ги прекрши законот и уставот!

Јовановска: Многу граѓани се жалат, точна бројка немаме

Претседателот на партијата “Левица“, Димитар Апасиев, не сакаше да ја коментира пријавата на докторот од Тетово дека давал лекарски извештаи само на албански јазик, соопштува КланМ.

За ова зборуваше адвокатката од правниот сектор на партијата. Според Катерина Јовановска, многу граѓани се пожалиле на лекарските извештаи што ги имаат само на албански јазик.

На прашањето за колку граѓани се работи, како што соопштува КланМ, Јовановска не даде точна бројка бидејќи, според неа, тоа е ирелевантно. Таа не сакаше ниту да ги покаже лекарските извештаи бидејќи, како што рече, тоа е нарушување на приватноста и тоа мора да го провери Санитарниот здравствен инспекторат.

“Многу граѓани се, немаме точна бројка бидејќи на некои места  се жалеле, но тоа за нас е неважно бидејќи се работи за специфична материја. Тоа е медицински извештај кој влијае на здравјето на пациентот. Пријавите се против докторот Арменд Сејдини. Немаме ништо против докторот, туку за тоа што се прекршиле законот и уставот. Претставката ја  напишавме врз основа на тоа што ни го кажаа граѓаните и не сме знаеле дека не се работи за доктор од Косово“, рече Јовановска.

Во врска со ова, како што соопштува КланМ, докторот Арменд Сејдини вели дека изјавите се лажни и дека лекарските извештаи ги дава по барање на пациентот.

„Поради големиот број на пациенти понекогаш може да погрешиме. Можно е пациентот албанец да земе извештај на македонски јазик, но на барање на пациентот потоа го менуваме извештајот. Го поканувам господинот кој го покрена ова прашање да дојде и да добие упат и ќе го добие извештајот во својот јазик, каков што е“, вели офталмологот Сејдини.

Во жалбата до Државниот санитарен инспекторат е наведено дека лекарот Арменд Сејдини е од Косово и дека извештаите на пациентите им ги давал само на албански јазик. „Цитирам“ докторот од Косово Арменд Сејдини пишува извештаи само на албански јазик“. Ова е лажно.“/КланМакедонија

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share