Левица:ВМРО-ДПМНЕ ни „лапна“ место во Комисијата за верификација

На почетокот на првата инаугуративна седница на новиот парламентарен состав е избрана и првата комисија односно  Верификациската комисија која треба да ги верификува и потврди мандатите на 120 пратеници избрани на последните парламентарни избори.

За претседателка на комисијата е избрана Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, а за членови Благица Ласовска (ВМРО-ДПМНЕ), Даниела Николова (СДСМ), Диана Тоска (ДУИ-Европски фронт) и Беким Сали (Алтернатива- Вреди).

Составот е договорен на координацијата на која како претставник на Левица бил пратеникот Крмов. Тој се пожали дека колегите не го сослушале и дека Левица е оштетена бидејќи не добила место во Верификациската комисија.

-Според член 12 став 2, Верификациската комисија се состои од претседател и четворица пратеници кои припаѓаат на различни партии. Ние тука имаме предлог за двајца членови од иста партија. На координацијата на која присуствував беше толкувано дека идната власт морало да има мнозинство, а не морало, можело членот да се смени. Зборот различно во член 20, за Комисијата за избори и именувања, се однесува на соодветна застапеност на пратениците од политичките партии, ама вие тој го толкувате како исти. Фактички, Левица ја оштетивте за еден член на оваа комисија, изјави Крмов од собраниската седница.

Претседавачот со првата седница, највозрасната пратеничка Мелита Колчи Коџаџиџу му одговори дека кадровскиот состав на верификациската комисија е утврдуван и договорен на координација, на која присуствуваа претставници на сите партии и дека така е утврдена листата на членови на Комисијата.

Поврзани објави
Total
0
Share