КФОР спроведува повечедневна воена вежба во западниот дел на Косово

Мисијата на КФОР од утре до четврток, 7 септември, ќе спроведе рутинска воена вежба на западот на Косово.

„Обуката ќе ја спроведува Регионалната команда-мултинационални контингенти Запад и ќе се фокусира на оперативната готовност и процедурите за подготовка на единиците.

Во овој период војници и возила на КФОР ќе бидат стационирани во околината на Крушево и Дечанскиот манастир“, се вели во соопштението на КФОР.

Како што се наведува во соопштението, активностите за обука ќе опфатат дневни и ноќни движења, на главните и споредните патишта во реонот ќе бидат видливи колони од воени возила составени од тешка инженерска опрема.

„КФОР ги спроведува овие рутински вежби со цел тестирање и обука за да обезбеди навремен и безбеден одговор секогаш кога е потребно.

КФОР се стреми да обезбеди минимално влијание врз цивилното население за време на вежбата и бара соработка од локалните заедници за време на оваа активност“, се вели во соопштението.

Поврзани објави

Ексклузивно за Клан Македонија: Др. Пол Вилијамс потврдува дека ја подготвува платформата за меѓуетнички легитимитет за Северна Македонија

Др. Пол Вилијамс, познат како автор на Охридскиот договор од 2001 година, за телевизијата Клан Македонија ексклузивно потврди…
Повеќе
Total
0
Share